Разочарување за навивачите: Солскјер го отпиша Манчестер јунајтед од борба за титулата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера не успеа да го победи Евертон (3-3), откако прими гол во последните моменти од натпреварот, а тренерот Оле Гунар Солскјер беше разочаран по дуелот.

Солскјер го отпиша Јунајтед од борбата за титулата и порача дека „црвените ѓаволи“ не се кандидати за трофејот.

„Игравме добар фудбал во второто полувреме, но примивме дури три гола од три удари. Нормално е да сме разочарани. Не обвинувам никого, но можевме да реагираме подобри при головите. Титула? Ние не зборуваме за освојување на титули. Тимот е добар, но не сме кандидати за трофеј. Ако сакаме да одиме напред, не треба да примаме лесни голови“, кажа Солскјер.

Ова дефинитивно ќе ги разочара навивачите, кои конечно се понадеваа дека може да ја освојат титулата.