Разочарувањето на италијанските коментатор по голот на Трајковски: Зборуваа дека е нивна победа, но… (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина беа убедени дека Италија ќе се избори за финале во баражот за пласман на Мундијалот во Катар и таму ќе игра против Португалија, но Македонија им ги расипа плановите и очекувањата.

Италијанските коментатори го следеа натпреварот и зборуваа дека ова треба да биде нивна победа, но токму во следниот момент Александар Трајковски постигна гол во мрежата на Џанлуиџи Донарума и ги разочара.

Нивната реакција во студиото по голот на Трајковски доволно зборува за тоа како се чувствуваа по мајсторијата на поранешниот напаѓач на Палермо.