Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Поранешен колега на Георгина Родригез ја вознемири шпанската и португалската јавност откривајќи ја големата тајна на Кристијано Роналдо и неговата избраничка.
„Љубовната бајка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез е измислена“ е насловот во таблоидите што ги шокираше сите.
Сепак, преку текстот се разбира дека станува збор за почетокот на нивната љубовна романса, каде што парот тврдеше дека судбината ги споила во продавница на Гучи.
Таму Роналдо ја запознал и трпеливо освоил Георгина, но изгледа дека вистината била многу поинаква и дека всушност имало „многу повеќе оган“, пишуваат таблоидите.
Пабло Боне, поранешен колега на Георгина кој работел во споменатата продавница, сега смело тврди дека тие двајца никогаш не се сретнале во продавницата, ниту пак Роналдо дошол во споменатата продавница.
Тој тврди дека тие се запознале во мадридската дискотека Опиум под светлата на рефлекторите, со гласна музика и неколку пијалаци!
Фото: Print-screen