Реакцијата на Клоп по мајсторијата на Меси е хит на интернет (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ливерпул синоќа загуби на „Камп Ноу“ со 0-3 од Барселона, па Каталонците сега се на чекор до пласман во финале во Лигата на шампиони.

Сепак, претстои реванш во Англија, кадешто Ливерпул ќе се обиде да направи вистинско чудо и да ја елиминира Барселона.

„Тоа е фудбалот. На крајот резултатот е важен. Тие постигнаа три гола, а ние ниту еден. Ние бевме добри, одигравме одличен меч, но не можам да бидам задоволен со резултатот. На Барселона ѝ требаа само неколку шанси“, вели Клоп.

Од друга страна, на интернет се појави снимка, по одличниот гол на Лионел Меси од слободен удар, која ја прикажува реакцијата на Германецот.