Реакцијата на Куман по дебаклот против ПСЖ ги изнервира навивачите на Барселона 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите навивачи на Барселона кои до крајот на натпреварот го гледаа дебаклот против ПСЖ беа изненадени со првата реакција на тренерот Роналд Куман по крајот на средбата.

Барселона загуби со 1-4 и се наоѓа на чекор до елиминација од Лигата на шампиони и тоа е уште еден доказ дека Каталонците не играат како што се очекува од нив.

Меѓутоа, Куман очигледно не се изнервира многу поради поразот на Барселона, па се смееше при поздравувањето со играчите и стручниот штаб на ПСЖ.

Камерите го снимија и Маурицио Покетино, кој беше сериозен и делуваше како неговиот тим да доживеал дебакл, а не како да оставарил убедлива победа.