Реакцијата на Тен Хаг сè кажува: Тренерот збесна по поразот на „ѓаволите“ (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја заврши мизерната сезона со пораз од Кристал Палас, па новиот тренер Ерик Тен Хаг ќе има полни раце работа ова лето за да направи тим кој ќе биде достоен за борба за топ-4.

Тен Хаг беше на трибините и го следеше неговиот следен клуб, меѓутоа не беше задоволен од тоа што го забележа на теренот, а тоа го покажа и снимката која ја направија фото-репортерите.

Стратегот ќе го замени Ралф Рангник на кормилото на „црвените ѓаволи“ и летово ќе добие голема сума на пари за да направи реконструкција на екипата, односно да се ослободи од непотребните фудбалери, а потоа и да купи соодветни засилувања.