Реал донесе одлука за Модриќ: Епилогот е сè поблиску, познати се нови детали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Набрзо треба да биде решена драмата за иднината на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, кој најверојатно ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.

Хрватот има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, а засега нема потпишано нова соработка.

Неговите планови се повеќе од јасни, а тоа е дека сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа би можело да се случи.

Најпознатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека двете страни преговараат за соработка до јуни 2024 година.

Во претходните денови нов договор потпиша и германскиот фудбалер Тони Крос, кој исто така сака да ја заврши кариерата во „кралскиот клуб“.