Реал е магнет за скандали! Шокантни снимки го обиколуваат светот по натпреварот во Памплона (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Осасуна во рамки на 25. коло на шпанската Ла Лига остварија победа против Реал Мадрид, а резултатот беше 2:1.

По натпреварот многу работа имаше и полицијата внатре во стадионот Ел Садар, а сè поради сцените на трибините.

Имено, тензиите ескалираа кога приватната безбедносна фирма се обиде да идентификува навивач кој фрли нешто на теренот за време на натпреварот.

Некој од навивачите фрлил мала шише кон голманот на Реал Мадрид кој веднаш ја предаде на судијата.

По натпреварот, работниците на приватната безбедносна фирма пристапија до дел од навивачите каде што се наоѓаше човекот што го направи тоа, но тоа не им се допадна на останатите навивачи.