Реал е во очајна форма: Перез не дава пари за засилувања, а навивачите го отпишаа Модриќ?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид игра ужасно во последниот период и веќе загуби една битка за титула, во шпанскиот Суперкуп од Барселона (1-3), а не им оди најдобро ниту во Ла Лига.

Карло Анчелоти побара засилувања во јануари, но претседателот на тимот, Флорентино Перез не сака да троши пари во зимскиот преоден рок и ќе купува фудбалери дури следното лето.

Навивачите не се среќни со дел од фудбалерите, а еден од нив е Лука Модриќ за кој веќе некое време се шпекулира дека ќе го продолжи договорот со шпанскиот гигант.

„Реал Мадрид секогаш се враќа посилен“, кажа Анчелоти по поразот од Барселона, но дали ќе имаат сили за таков подвиг и во оваа сезона останува да видиме.