Реал го „откачи“ Погба поради српска ѕвезда!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид бара наследник за Лука Модриќ, кој пред една година ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот, но очигледно дојде време за промена во шпанскиот гигант.

Шпанските медиуми сметаат дека Пол Погба не е замената за Модриќ, иако долго време го поврзуваа со „кралскиот клуб“.

„Дон Балон“ пишува дека Реал Мадрид сака да го контактира Лотито за српската ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Шпанскиот медиум често се занимава со шпекулации, а се спомнува дека Реал е подготвен да му плати 105 милиони евра на Лацио за услугите на српскиот фудбалер.