Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Ендрик веќе беше виден како засилување за Лион во зимскиот преоден рок, а во прилог на тоа зборува и самото тоа што веќе почнал да бара куќа во Франција.
Планирано беше дека Бразилецот оваа недела ќе отпатува за Лион, но, сè беше откажано во последен момент.
Како што наведува Ел Чирингито, Реал ја стопираше целата операција, а истиот извор додава дека е поврзано со тоа што се очекува заминување на Ќаби Алонсо.
Кралскиот клуб сака да биде подготвен за секое сценарио, а шпанскиот стручњак ќе ја одреди својата судбина во дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Доколку дојде до смена на тренерот, тоа би можело да значи пресврт за самиот Ендрик и потенцијално нова шанса, што не ја доби кај Алонсо. Затоа реши да оди во Лион, каде што Паоло Фонсека го очекува и го гледа како важен фактор во борбата за излез на европската сцена.
















