Реал и ПСЖ водат преговори: Совршено сценарио со задоволувачки епилог за клубовите и Нејмар


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Реал Мадрид почна преговори со францускиот шампион ПСЖ за нивниот фудбалер Нејмар, кој веќе долго време не е во добри односи со управата на парижаните.

Бразилецот често се поврзува со трансфер во Барселона, но во претходните неколку дена Реал Мадрид активно се вклучи во борбата за него, откако Каталонците не можеа да пронајдат заеднички јазик со ПСЖ.

Наводно, постои опција Нејмар да се пресели во Мадрид на едногодишна позајмица, со што ќе му се зголеми вредноста на трансфер-маркетот, па ПСЖ во 2020 ќе може да го продаде за повисока сума.

Нејмар во април минатата година имал состаноци со претставници на Реал Мадрид, па поради тоа се шпекулира дека е подготвен за преселба во шпанскиот гигант.

Уште еден важен фактор за остварување на трансферот е добриот однос меѓу претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез и првиот човек на парижаните, Насер Ал-Келаифи.