Реал Мадрид ќе тргне по Килијан Мбапе, но не веднаш…


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид сигурно ќе тргнат по услугите на францускиот фудбалер, Килијан Мбапе.

Според шпанскиот венсик „Спорт“, Реал Мадрид планира да влезе во преговори со претставници на фудбалерот, а од клубот си дале максимум две години за да го договорат Мбапе.

Наводно Зинедин Зидан силно го посакувал брзоногиот фудбалер кој има големи предиспозиции да стане најдобар светски фудбалер.

Трансферот нема да биде реализиран веднаш, туку неговата реализација ќе оди постепено, па можно е Мбапе да се пресели на „Бернабеу“ дури во 2021 година.