Реал Мадрид ќе се збогува со една од легендите идното лето


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид веќе ја прифатило можноста дека искусниот десен бек Дани Карвахал ќе го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона, пренесува шпанска „Марка“.

Според истите извори, во Мадрид сметаат дека дојде време за нова фаза и постепена реконструкција на тимот.

Карвахал, кој долги години беше стандарден првотимец и еден од капитените на „кралскиот клуб“, остави длабока трага на „Сантијаго Бернабеу“. Тој освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи титули во Ла Лига и Лигата на шампионите, и важеше за еден од најконстантните играчи на својата позиција во Европа.