Реал Мадрид ангажира ѕвезда на Тотенхем и тоа – целосно бесплатно!?


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Нема решение засега за Кристијан Ериксен, откако не пристигнаа понуди кои ќе го задоволеа Тотенхем. Лондонскиот клуб бараше околу 70 милиони евра, но никој не се реши да им ги исполни барањата.

Ериксен одби да ја продолжи соработката, па му нудат плата од околу 200.000 фунти, а така ќе го направат втор најплатен фудбалер по Хари Кејн.

Сега добива околу 80.000, а тоа е многу помалку од што заслужува, но Данецот инсистира дека парите не му се во прв план, туку му е потребен нов предизвик.

Од друга страна Реал Мадрид е заинтересиран да го ангажира како слободен фудбалер, а Ериксен ќе може да преговара на стартот на 2020 година.

Англиските медиуми проценија дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви го загуби Ериксен, односно дека нема да може да го задржи, а очигледно и нема да заработи ништо на негов трансфер.