Реал Мадрид бара замена за Бензема – постојат четири опции!


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид е еден од тимовите кои не купуваа многу засилувања ова лето, туку реализираа само два трансфери. Прво пристигна Антонио Рудигер како слободен играч откако му заврши договорот со Челси, а потоа го купија Орелиен Чуамени.

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека екипата повеќе нема да се засилува, но управата бара замена за францускиот напаѓач Карим Бензема бидејќи немаат фудбалер кој би можел да игра на неговата позиција.

„Мундо Депортиво“ објави дека управата на клубот разгледува четири опции, а станува збор за искусни напаѓачи и тоа се Едисон Кавани, Андреа Белоти, Оливие Жиру и Един Џеко.

Кавани и Белоти би можеле да ги ангажираат бесплатно затоа што им завршија договорите со нивните клубови, додека Жиру има договор со Милан, а Џеко со Интер.