Реал Мадрид бесплатно го дава Дијаз, но тој тера инает и не сака да замине!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид се обидува летово да се ослободи од фудбалерите кои не му се потребни, па по продажбата на Касемиро во Манчестер јунајтед, раководството ќес е обиде да ги продаде Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз.

Дијаз пристигна во Мадрид во 2018 година од Лион за 21,5 милиони евра и потпиша петгодишен договор со плата од 4,5 милиони евра, а Реал е подготвен да го даде уште летово, и тоа целосно бесплатно.

Меѓутоа, има еден проблем, а тоа е ставот на Дијаз кој не сака да си замине од екипата и веќе ги одби сите предлози, па решен е да остане во екипата по секоја цена.