Реал Мадрид блиску до договор со Винисиус!?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Бразилската суперѕвезда Винисиус Жуниор наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, открива шпанскиот „АС“.

Се шпекулираше во последно време дека Винисиус е незадоволен од статусот во клубот и дека би можел да го напушти Мадрид, но тоа нема да се случи.

Бразилецот продолжи преговори со кралскиот клуб за продолжување на соработката и се очекува наскоро да стави потпис на новиот договор.

Винисиус има договор со Реал до јуни 2027 година, а моментално заработува 15 милиони евра по сезона.