Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја продолжи доминацијата во домашниот шампионат, откако вечерва славеше во големото дерби против Севиља со 2-1 во рамки на 15. коло.
Рафа Мир по само 12 минути игра со глава им донесе водство на гостите од Андалузија, но нивната радост траеше само 20 минути бидејќи потоа Карим Бензема ја врати неизвеноста на мечот и израмни на 1-1.
„Кралевите“ го притиснаа противникот во второто полувреме, па се закануваа кон нивниот гол, а конечно отпорот на Севиља го скрши Винисиус Жуниор во 87. минута.
Реал Мадрид е првопласиран со 33 бода на табелата, по што следи Атлетико Мадрид со 29, Реал Сосиедад има исто толку, а Севиља има еден бод помалку.