Реал Мадрид доби 80 милиони евра, а позната е и причината!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид се пласира во осминафинале на Лигата на шампиони (ЛШ) и притоа заработи 80 милиони евра.

Екипата од Мадрид ја освои групата со 18 бодови, откако по двапати ги победи Наполи, Брага и Унион Берлин.

„Кралевите“ прво добија сума од 42,2 милиони евра. Од учеството во групи 15,6 милиони евра, како и 9,8 милиони за пласманот во полуфинале, додека 16,8 милиони за максималниот број бодови во групата.

На 42 милиони евра се додаваат уште 36,38 милиони евра, кои ги добиваат „кралевите“ поради најдобриот коефициент во ЛШ во последните 10 години, објави шпански „АС“.