Реал Мадрид доби двоен удар по дербито со Виљареал – се повредија две ѕвезди!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид го искористи социјалните медиуми и својата официјална веб-страница во неделата наутро, за да потврди две повреди на двајца ѕвезди од првиот тим.

Дани Карвахал и Винисиус се повредија во победата од 2-0 над Виљареал во саботата на „Бернабеу“.

Откако кандидатот за „Златна топка“ беше изнесен од теренот плачејќи на носилки, Анчелоти изјави по натпреварот дека десниот бек Карвахал изгледа дека има „доста сериозна“ повреда на коленото.

„Ќе чекаме на медицинската дијагноза. Докторот рече дека има повреда на коленото, но мораме да чекаме тестирање. Се надеваме дека ќе биде што е можно помалку сериозна“, рече Италијанецот.

И Винисиус беше исто така заменет предвреме, со тоа што Анчелоти изјави дека Бразилецот е повреден и ќе биде подложен на тестови во неделата наутро.