Реал Мадрид доби вести за повредата на Винисиус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја потврди доминацијата во Шпанија, откако го совлада вечниот ривал Барселона со 3-2 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Винисиус Жуниор во вчерашната победа на „кралевите“ постигна еден гол, но доживеа и повреда поради која мораше да биде заменет во второто продолжение затоа што не можеше да го продолжи натпреварот, а на негово место влезе Едуардо Камавинга.

Сите беа загрижени поради потенцијалната пауза на Бразилецот, меѓутоа стигнаа добри вести од главниот град на Шпанија.

Винисиус не доживеал класична повреда, туку почуствувал грч, па мора да одмора одреден период, додека извештаите покажуваат дека ќе биде подготвен за финалето во Суперкупот кое се игра во недела.