Реал Мадрид добива четири нови фудбалери за следната сезона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нема пари, ниту промена на плановите, но ќе има нови фудбалери во клубот. Исто така, шпанскиот шампион не се откажува од намерата да ги продаде непотребните играчи.

Наводно Анхел Санчез, директорот и десната рака на Флорентино Перез им соопштил на играчите дека клубот нема дополнителни пари.

Неколку фудаблери ќе се вратат од позајмица, а еден од нив е украинскиот голман Лунин, кој ќе го замени Ареола. Во екипата се враќа и Одриозола од Баерн Минхен, како и Себалјос кој е на позајмица во Арсенал.

Како последен фудбалер, кој ќе дојде во клубот, се споменува името на Пауло Дибала за кој „кралевите“ ќе се обидат да понудат размена на Јувентус, па останува да видиме дали ќе прифати италијанскиот првак.