Реал Мадрид добива неочекувано засилување од Манчестер сити?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид ова лето ќе биде активен на трансфер-маркетот и се обидува да ангажира неколку засилувања, меѓу кои е Килијан Мбапе, но може да пристигне и едно неочекувано засилување.

Светските медиуми пишуваат дека Илкај Гундоган би можел да биде нов фудбалер на Реал Мадрид, а Германецот заминал во Шпанија минатата недела, каде што наводно имал преговори.

Деталите засега не се, но се шпекулира дека Германецот не е задоволен со својот статус во Манчестер сити, зашто Пеп Гвардиола не му давал шанси на поважните натпревари.

Гундоган има договор со „граѓаните“ до 2023 година и ако не го продолжи, Сити ќе мора да го продаде, а летово ќе биде претпоследната шанса да заработат пари од негов трансфер.