До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид се подготвува за голем јубилеј – 125 години од своето основање, а во чест на историскиот датум клубот планира да претстави специјално издание на дрес.
Според информациите што ги објави специјализираниот портал Footy Headlines, веќе се појавила првата најава за изгледот на јубилејната гарнитура, која треба да биде инспирирана од традицијата и богатото наследство на „кралевите“.
Мадридскиот великан е основан на 6 март 1902 година, а препознатливата бела боја со децении е симбол на клубот и неговиот идентитет.
















