Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид планира да потроши многу пари кога ќе заврши следната сезона. Иако тие се поврзуваа со Килијан Мбапе веќе со месеци, сепак ова лето „кралевите“ нема да тргнат во акција поради коронавирусот.
Шпански „АС“ објави дека Реал сака да направи ново напаѓачко трио, кое би било страв и трепет за противниците, а би било составено од Еден Азар, Ерлинг Халанд и Мбапе.
Шпанците се убедени дека „кралскиот клуб“ ќе ги реализира своите желби по крајот на следната сезона, а единствено нешто кое може да го запре од остварување на ова е финансиска криза.
Светските медиуми претходно објавија дека Мбапе летово нема да бара да замине од ПСЖ, но дека по следната сезона ќе се пресели во Мадрид.