Реал Мадрид доминираше на „Камп ноу“, но мрежите останаа недопрени (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона одигра 0-0 на „Камп Ноу“ против Реал Мадрид во „Ел Класико“, иако гостите од шпанската престолнина доминираа во мечот, па создадоа и повеќе шанси кон голот на Марк Андре Тер Штеген.

Во првото полувреме „кралевите“ создадоа дури 12 шанси кон голот на Барселона, а само четири беа во рамки на голот, од кои еден за малку ќе ја затресеше мрежата на Тер Штеген доколку Жерар Пике не ја исфрлеше топката од пред гол-линијата.

Барселона заигра подобро во вторите 45 минути, но не успеа да го совлада Тибо Куртоа и мрежите останаа да мируваат до крајот на натпреварот.

Барселона и Реал Мадрид го делат првото место во Ла Лига со по 36 бодови.