Реал Мадрид донесе голема одлука за можен трансфер на Мбапе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Килијан Мбапе беше пречекан пред некое време во Мадрид како херој од навивачите затоа што се очекуваше летово да се пресели во Реал, но тоа не се случи, па навивачите го прогласија за голем предавник.

Мбапе реши да потпише нов договор со францускиот гигант и притоа доби голема плата и дополнителни бонуси, а шпанските медиуми пишуваат дека Реал донел голема и важна одлука за иднината на Французинот.

Шпанскиот и европски гигант нема намера да тргне по потписот на Мбапе по тоа што се случи минатото лето, откако реши да ги „предаде“ и да останбе во Франција.

„Кралевите“ сакаат да ја градат иднината на Винисиус Жуниор, а исто така лудите услови на Мбапе се уште една причина за нивното откажување.