Реал Мадрид е лидер во Ла Лига: Касемиро со два гола ја реши Севилја (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го доби дербито на колото на „Сантијаго Бернабеу“ против Севилја со 2-1 во ептен жесток дуел.

Во првото полувреме немаше голови, со тоа што во 31. минута беше поништен погодок на Севилја затоа што е досуден прекршок во напад.

Кој знае каква ќе беше ситуацијата доколку голот беше признаен, но вака Реал имаше среќа што ВАР ја забележа грешката на судијата. Во 57. минута Касемиро стрела по асистенцијата на Лука Јовиќ за 1-0.

Севилја се врати во игра со голот во 64. минута, но само пет минути подоцна Касемиро со неговиот втор гол му донесе три бода на својот тим.

Реал се врати на прво место со 43 бодови, но Барселона утре игра против Гранада и има шанса да се врати на лидерската позиција.