Реал Мадрид е на потег: Дејвис одби нов договор од Баерн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен му постави ултиматум на Алфонсо Дејвис до 1 април да каже дали ќе остане во клубот, а Канаѓанецот одби да го направи тоа и се наоѓа сè поблиску до заминување од Германија.

Како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид, а ниту Дејвис не крие дека сака да го носи „кралскиот дрес“.

Баерн Минхен бара 50 милиони евра за трансферот на Дејвис, но се шпекулира дека „кралевите“ нема да платат повеќе од 20-25 милиони евра.

Реал нема проблем и да го почека Дејвис до јуни 2025 година, кога тој би бил слободен агент, но во таков случај би можел да не добие шанса во тимот на Баерн цела сезона.