Реал Мадрид е подготвен за ремонт – доаѓаат најмалку шест засилувања!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона ја завршува со неочекувано слаби резултати, што може да доведе до големи промени на „Сантијаго Бернабеу“ во претстојниот преоден рок.

Иако првично се шпекулираше дека клубот ќе го донесе само Трент Александер-Арнолд, кој треба да биде слободен агент после сезоната, евентуалните засилувања можеби ќе бидат многубројни. Падот на формата и неосвојувањето на титули во Шпанија и Европа го поттикнаа раководството на „кралевите“ да размислува за поголеми промени.

На радарот повторно се најдоа познатите имиња на шпанската фудбалска сцена: играчот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и левиот бек на Џирона, Мигел Гутиерес, кој беше дел од младинската академија на Реал Мадрид.

Меѓутоа, плановите не завршуваат тука – клубот размислува за поширока трансфер политика и има планови да доведе уште најмалку четворица нови играчи. Приоритети се централен дефанзивец, десен бек, уште еден креативец за средниот ред, а доколку се појави идеална можност на пазарот, можен е и нов напаѓач.

Фото: Real Madrid/FB