Реал Мадрид е во пол-позиција за Халанд: Перез постигнал устен договор во Монако?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид лесно би можел да се договори со Борусија Дортмунд за отштетата на Ерлинг Халанд, зашто нивните односи со германскиот тим се многу добри.

Медиумите од Шпанија пишуваат дека претставници на „кралевите“ одржале важен состанок во Монако со Рафаела Пименто, која е блиска со Мино Рајола, менаџерот на Халанд.

„Кралевите“, наводно, треба да имаат приоритет во преговорите и добиле устен договор со Рајола и таткото на Халанд, Алф-Инге за трансфер на младиот фудбалер.

Почетната цена на Халанд би била 75 милиони евра, а тимот ќе се обиде да ја намали со тоа што ќе го понуди Лука Јовиќ во размена.

Јовиќ имаше одлични настапи во Бундеслигата, каде што во минатото го носеше дресот на Ајнтрахт Франкфурт, по што се пресели во Мадрид за 60 милиони евра.