Реал Мадрид е заинтересиран за француски интернационалец


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да се засили со квалитетен централен дефанзивец, а новинарот Фабрицио Романо откри кој се наоѓа на врвот на листата со желби на Флорентино Перез.

„Кралевите“ се заинтересирани за Кастело Лукеба, но ќе имаат конкуренција од премиерлигашот Челси, кој исто така ја следи ситуацијата со францускиот интернационалец.

Лукеба има само 21 година и е еден од најдобрите фудбалери на неговата позиција, а досега има и еден настап за француската репрезентација.

Реал Мадрид минатото лето сакаше да го купи Лени Јоро, но талентираниот фудбалер потпиша за Манчестер јунајтед.