До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид по завршувањето на сезоната – е најактуелното прашање во европскиот клубски фудбал.
Како што пишува „Onefootball“, управата на Реал Мадрид е најмногу заинтересирана за селекторот на светскиот првак – Лионел Скалони.
Договорот на селекторот на репрезентацијата на Аргентина со тамошната Федерација истекува по Светското првенство 2026 година.
Иако Скалони веќе изрази желба да ја продолжи соработката со Аргентинската фудбалска федерација (АФФ) до 2030, понудата од Реал би можела да му ги промени плановите.
















