Реал Мадрид ги подготви парите, се чека „зелено светло“ од родителите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со засилувањата за иднината, па така наскоро во екипата треба да пристигне бразилското чудо од дете Ендрик.

„Кралевите“ долго време се заинтересирани за неговите услуги, а потоа интерес за него покажаа и ПСЖ и Барселона, но наводно Ендрик сака да се пресели во Мадрид.

Реал подготви сума од 60 милиони евра за Палмеирас, а притоа Ендрик мора да добие согласност од родителите за трансфер во Шпанија.

Ендрик така ќе стане еден од најскапите тинејџери во историјата на фудбалот, па без сомнеж ќе биде голем влог за иднината на „кралевите“.

Иако има само 16 години, сепак тој е стандарден член на првиот тим и досега одигра седум меча, а притоа постигна три гола и една асистенција.