Реал Мадрид го договорил Алфонсо Дејвис, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Атлетик“ објави дека левиот бек Алфонсо Дејвис ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид, а тоа најверојатно ќе се случи во текот на летниот преоден рок.

Пред десетина дена се појавија шпекулации дека „кралевите“ постигнале договор со Дејвис, а денеска стигна уште една „потврда“.

Дејвис има договор со Баерн Минхен до јуни 2025 година и не сака да ја продолжи соработката, па затоа бундеслигашот планира да го продаде на лето за да заработи нешто од неговиот трансфер.

Реал ќе се обиде да го купи Дејвис ова лето, но ќе биде во пол-позиција во преговорите и Баерн ќе мора драстично да ја намали цената ако не сака да го изгуби целосно бесплатно.