Реал Мадрид го искористи киксот на Барселона и се врати на врвот на табелата во Ла Лига


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид се врати на врвот на табелата во Ла Лига откако со 2:1 славеше на тешкото гостување на „Аноета“ кај Реал Сосиедад.

Првиот дел не донесе допадлив фудбал, но затоа гол видовме на самиот старт од вториот дел.

Резултатот во 50. минута го отвори Серхио Рамос кој беше сигурен егзекутор на пеналот направен врз Винисиус Жуниор.

20. минути подоцна Карим Бензема зголеми на 2:0 откако претходно беше поништен гол на Аднан Јанузај поради офсајд позиција.

Поразот за домашниот тим успеа да го ублажи Мерино со гол постигнат во 80. минута од натпреварот.