Реал Мадрид го избрка Алонсо, па пет минути подоцна му најде замена (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид донесе одлука да го разреши Чаби Алонсо од позицијата тренер по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот, а управата веднаш го именуваше неговиот наследник.

Алонсо не ги оправда очекувањата во првиот дел од сезоната, а поразот од големиот ривал дополнително ја разгневи раководството предводено од Флорентино Перез.

Неговата замена е Алваро Арбелоа, поранешен играч на „кралевите“ кој во кариерата настапувал и за Ливерпул, Депортиво Ла Коруња и Вест Хем.