Реал Мадрид го најде наследникот на Модриќ во Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид до јуни 2023 година, по што се очекува негово пензионирање, а шпанскиот клуб веќе почна да размислува за негова замена.

Шпанскиот гигант бара негов наследник и изборот наводно паднал на Џад Белингам од Борусија Дортмунд, кој игра фантастично во дресот на германската екипа.

Англичанецот беше одличен во дресот на „милионерите“ во претходниот период и има уште една сезона во која може да докаже дека е квалитетна замена за Модриќ.

„Кралевите“ планираат да го купат, меѓутоа ќе почекаат до следното лето за да се уверат дека тоа е вистинскиот избор, иако веќе ги имаат Ернество Валверде и Едуардо Камавинга кои треба да бидат идни лидери на екипата.