Реал Мадрид го одложува трансферот на Ван де Бек за следното лето!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дони Ван де Бек се поврзува долго време со трансфер во Реал Мадрид. Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека шпанскиот клуб сака да го донесе фудбалерот од Холандија и дека во моментов се во тек преговори.

Меѓутоа, иако се веруваше дека трансферот е договорен и Ван де Бек ќе се пресели летово во Мадрид, сепак такво нешто нема да се случи.

„Кралевите“, наводно, договориле трансфер од 55 милиони евра, но решиле младиот фудбалер да пристигне во клубот дури наредното лето или по шест месеци.

Управата на Реал не е сигурна дека Ван де Бек ќе има доволно простор за игра и во моментов целта им е да направат простор во средниот ред, но продажбата не им оди најдобро.