Реал Мадрид го „подари“ Јовиќ за џабе, но зад тоа се крие – пеколен план!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долго време се шпекулираше за иднината на српскиот напаѓач Лука Јовиќ кој не ги оправда очекувањата во Реал Мадрид, па поради тоа ќе се пресели во Фиорентина, и тоа целосно бесплатно.

Меѓутоа, зад трансферот на Јовиќ се крие пеколен план на „кралевите“. Србинот ќе биде „подарок“ за Фиорентина на две години, по што во 2024 година ќе може да го продолжи договорот со тимот од Фиренца или ќе стане слободен играч.

Во Реал Мадрид се надеваат дека нема тоа да се случи бидејќи имаат клаузула според која ќе добијат 50 отсто од неговиот следен трансфер, па така ќе вратат дел од вложените пари.

Постои и уште една клаузула, а тоа е Јовиќ да се врати во Мадрид, но ако ја врати неговата форма каква што ја имаше во Бундеслигата.