Реал Мадрид го подготвува најголемиот трансфер во историјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Ас“ објави текст во кој ја објасни ситуацијата околу фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам и додаде дека Реал Мадрид ќе направи сè за да го донесе како замена за Лука Модриќ.

Реал врши притисок врз Дортмунд со цел да им го земе Белингам, а раководството на германскиот тим договорил состанок со 19-годишниот фудбалер за врска и неговиот татко за да разговараат за иднината.

Познато е дека Борусија ќе заработи многу пари на трансферот на Белингам, кој го купи во 2020 година за 25 милиони евра, а се очекува да добие околу 100-115 милиони евра.

Се шпекулира дека „кралевите“ би можеле да понудат до 140 милиони евра, па така ќе го урне досегашниот рекорд кој го држеше Еден Азар кој беше платен 115 милиони евра.