Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач денеска официјално ги помина медицинските прегледи во Мадрид, а потоа потпиша договор со шпанскиот гигант.
Јовиќ со Реал потпиша договор на шест години, а Ајнтрахт Франкфурт ќе добие 60 милиони евра со можност да добие одредени бонуси.
Една третина од неговиот износ ќе припадне на неговот поранешен клуб Бенфика со која до пред два месеци беше под договор.
„Јас сум најсреќен човек во светот. Убеден сум дека донесов вистинска одлука и се надевам дека ќе му помогнам на Реал да освои уште многу титули“, кажа Јовиќ.
Јовиќ минатата сезона одигра 48 настапи во сите натпреварувања и постигна 27 гола и седум асистенции.