Реал Мадрид го преживеа „Итихад“ – на пенали го „нокаутира“ Манчестер сити!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е последниот патник во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва славеше по изведување на пенали против Манчестер сити.

Натпреварот за „кралевите“ почна одлично бидејќи Родриго постигна гол за водство на гостите, но потоа почна доминацијата на Манчестер сити.

„Граѓаните“ вршеа притисок во текот на целиот меч, а Де Брајне во 76. минута израмни на 1-1 и обезбеди продолженија.

Резултатот не се менуваше во продолженијата, но затоа во пенал-рулетот „кралевите“ беа поуспешни со 4-3.