Реал Мадрид го продаде Родригез на Севилја


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид потврдија дека е постигнат договор со Севилја за трансфер на Оскар Родригез.

Младиот фудбалер потекнува од академијата на клубот, а за првиот тим на „кралевите“ одиграл само еден натпревар.

Сепак своето име го проби во Ла Лига преку настапите за тимот на Леганес каде минатата сезона играше како позајмен фудбалер и беше на одлично ниво.

Оскар Родригез игра на позицијата офанзивен играч за врска, а сезоната што измина имаше 32 настапи за Леганес на кои постигна девет погодоци и запиша две асистенции.