Реал Мадрид го продава и Винисиус за да собере пари за Мбапе?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид не се откажува и подготвен е да собере пари за Килијан Мбапе, но засега нема напредок. Иско не сака да замине, а Марсело ќе остане и тоа како капитен на тимот.

Во екипата пристигна Давид Алаба, а Флорентино Перез се обидува да се ослободи од Себаљос, Одриозола, Јовиќ, Дијаз, а сега би можел да го жртвува и Винисиус Жуниор.

Шпанските медиуми пишуваат дека Винисиус е ставен на трансфер-листата, а наводно прво му бил понуден на Манчестер јунајтед на позајмица со обврска да биде откупен.

Реал ќе се согласи на 70 милиони евра плус бонуси, но Англичаните го купија Џејдон Санчо и очигледно Бразилецот не им е потребен.

Од друга страна, Винисиус добиваше шанса кај Зинедин Зидан, но Карло Анчелоти сака да им даде шанса на Еден Азар, Карим Бензема и Герет Бејл како трио во нападот.

Винисиус има плата од седум милиони евра, а тоа е дополнителен проблем за екипите кои сакаат да го ангажираат.