Реал Мадрид го пронајде наследникот на Модриќ во – Лион!? ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид бара наследник на Лука Модриќ, а наводно изборот паднал на 22-годишниот француски играч Хусем Ауар од Лион.

Фудбалерот на Лион би можел наскоро да се пресели во Мадрид, зашто наводно бил постигнат договор меѓу екипите.

Арсенал беше во конкуренција за неговиот потпис, но лондонскиот тим не е подготвен да плати 55 милиони евра за Ауар, додека шпанскиот шампион има толку пари.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал ја следи ситуацијата во Лион и наскоро се очекува реализација на трансферот.

Младиот фудбалер во Мадрид го гледаат како замена за Лука Модриќ, кој е пред крајот на кариерата.