Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ требаше да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Арсенал, но трансферот пропадна во последен момент, и тоа поради Карим Бензема.
Раководството на „кралскиот клуб“ го запре трансферот на Србинот поради повредата на Бензема, па се очекува српскиот напаѓач да добие шанса во Реал до крајот на летото.
Тренерот Карло Анчелоти не е подготвен да ризикува и да остане само со Маријано Дијаз на напаѓачката позиција, па затоа ваквата реакција беше очекувана.
Арсенал сигурно ќе биде разочаран затоа што не можеше да го добие српскиот напаѓач на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната, откако претходно Душан Влаховиќ им „избега“ во Јувентус.
Јовиќ сезонава во дресот на „кралевите“ настапи на 15 натпревари, а постигна само еден гол и две асистенции.