Реал Мадрид губеше до 86. минута, па ја нокаутира Валенсија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Валенсија со 2-1 во петтото коло од шпанската Ла Лига, иако до самата завршница од натпреварот губеше со 0-1.

„Кралевите“ беа подобар противник и во првото полувреме, но мрежите останаа да мируваат, по што Валенсија поведе со гол во 66. минута.

Реал се обидуваше да се врати во игра и веднаш следеа четири измени од страна на Карло Анчелоти, а тоа вроди со плод дури во завршницата од натпреварот, кога беа постигнати два гола од „кралевите“.

Најпрво Виниус Жуниор стрелаше во 86. минута за 1-1, а потоа Карим Бензема ги постави конечните 2-1 за „кралевите“ и им донесе големи три бода.

Реал Мадрид по пет одиграни меча се наоѓа на првото место со 13 бодови, односно три повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид.