Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше во 23. коло против Осасуна со 4-1 и така ја продолжи одличната форма во шпанското првенство.
Гарсија погоди за Осасуна во 14. минута за предност од 1-0, но до крајот на првите 45 минути Иско и Рамос стрелаа за пресврт и водство од 2-1.
Во продолжение од мечот во листата на стрелци се запишаа и Васкез и Јовиќ, кои ги поставија конечните 4-1.
Реал Мадрид во моментов е прв на табелата со 52 бодови, односно шест повеќе од второпласираната Барселона, која има одиграно еден меч помалку.